САД започнува истражувања за влијанието на Инстаграм врз децата

Јавните обвинители во неколку американски држави нагласија дека почнале заедничка истрага за да утврдат дали Мета (поранешен Фејсбук), кој е сопственик на Инстаграм, намерно им дозволувал на децата и тинејџерите да ја користат неговата социјална мрежа, додека знаеле дека може да биде штетно за нивното физичко и ментално здравје.

Истрагата ќе испита дали Мета не ги почитувал законите за заштита на потрошувачите и ја ставил јавноста во опасност, објасни јавниот обвинител на Масачусетс, Мора Хили.

Фејсбук, сега наречен Мета, не успеа да ги заштити младите луѓе на своите платформи и наместо тоа избра да игнорира, во некои случаи, да ги зајакне практиките што претставуваат реална закана за физичкото и менталното здравје, со што ги искористува децата за да заработат пари, додаде таа.

Истрагата има за цел да утврди дали имало незаконска пракса и да стави крај на злоупотребите. Ја водат претставници од државите Калифорнија, Флорида, Кентаки, Масачусетс, Небраска, Њу Џерси, Тенеси и Вермонт, Њујорк, Колорадо и Тексас.

You must be logged in to post a comment Login