Адел напуштила ексклузивно интервју откако австралискиот новинар признал дека не го слушал нејзиниот нов албум „30“

Адел напуштила ексклузивно интервју откако австралискиот новинар признал дека не го слушал нејзиниот нов албум „30“.

Новинарот Мет Доран и снимателската екипа за интервјуто пристигнале во Лондон, а за него наводно било платено 1 милион долари.

Откако Доран во текот на разговорот признал дека преслушал само една песна од албумот, интервјуто „неславно завршило“, а „Sony“ одбива да ја објави снимката од истото.

Доран се правдал дека не го видел мејлот во кој му бил доставен албумот, а многумина се прашуваат како успеал да направи ваква грешка.

Новинарот Питер Форд напиша дека оваа ситуација е прилично непријатна, но дека Доран е инаку личност која секогаш ги извршува своите задачи.

Сепак, некои го критикувале.

Писателката Тарла Ламберт навела дека постојат илјадници квалификувани новинари кои би направиле сè за да бидат на позицијата на Доран и дека овој „скандал“ е идеален пример за тоа како некој ја искористува привилегијата.

„Фактот дека сметал дека е разумно да прави интервју со една од највлијателните жени на светот, а да пропушти да ја праша за нејзината работа е доволна причина зошто треба да ѝ се пружи шанса на некоја друга млада надеж“, вели писателката.

You must be logged in to post a comment Login