Филипче и Пиромански разговараа за состојбата на хоспитализираните во болницата „Пирогов“

Министерот за здравство Венко Филипче утрово разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата „Пирогов“ во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживеаја автобуската сообраќајка која се случи вчера утрото на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Сите пациенти, како што соопшти Министерството за здравство, се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка.

На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото. Тие се чувствуваат добро. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје, информираат од Министерството.

You must be logged in to post a comment Login