“Пијанофест“ во Битола, нов бренд од светски размери со учество на 100 натпреварувачи од 19 држави

Во Битола се одржи третото издание на меѓународниот натпревар по пијано “Пијанофест 2021“, на кој учествуваат  100 натпреварувачи од 19 различни држави. Натпреварот го организираше Здружението “Пијано” чие основатели се пијанистите Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски. Оваа година заради ситуацијата со ковид- 19, натпреварот е онлајн. Натпреварувачите ги отценува врвно жири во состав : Тереза Тревисан – Италија, Мирела туше Вонгли – Албанија и Маргарита Вујовиќ – Русија, Србија. Пијанофест е една нова успешна приказна за Битола, која го претставува градот и ќе го популизира, не само во домашни, туку и во светски рамки.

Ова се првонаградени млади пијанисти од сите категории

Предкатегорија Rejjana Vrapi ( 2013 ) Албанија

Прва категорија Zhongshu Chen ( 2011) Кина

Втора категорија Nuo Cheng ( 2010 ) Хрватска

Трета категорија Filipo Alberto Rosso ( 2007)

Италија

Четврта категорија Kristel Karagjozi ( 2005 ) Албанија

Петта категорија Jovana Arsoska ( 2004 )

С.Македонија

Пијано втор инструмент

Петта категорија Jovan Nastevski ( 2003 )

С.Македонија

 Награда за најперспективен млад пијанист  Zhongshu Chen ( 2011) Кина

Лауреат на натпреварот

Filipo Alberto Rosso ( 2007) Италија

Голема благодарност до жири комисијата на Пијанофест 2021 и честитки до сите учесници. Се гледаме на следното 4то издание на Пијанофест 2022 .

You must be logged in to post a comment Login